Бернард Томиќ постави уште еден неславен рекорд на АТП меч

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ не успеа да стигне до трофејот на Челенџер турнирот во американскиот град Феирфленд, откако убедливо со 2:0 во сетови загуби од првиот носител, 18-годишниот Лернер Тијен.

Томиќ не само што загуби, туку постави и неславен рекорд затоа што поразот од 6:0, 6:1 се случи во меч кој траеше само 39 минути. Тоа е најкраткото финале во историјата на еден Челинџер турнир. Претходниот рекорд беше на финалето меѓу Цонга и Села кое во 2019 година траеше 43 минути.

Со овој пораз, Томиќ стана сопственик и на втор неславен рекорд, на АТП турнир, затоа што тој од претходно го држи и рекордот за најбрзо загубен меч. Во 2014 година на турнирот во Мајами за само 28 минути и 20 секунди загуби од Јарко Ниеминен со 6:0 и 6:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести