Фудбалската репрезентација на Албанија ја оствари втората победа во Лигата на нации откако на гости славеше против Грузија со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше фудбалерот на Интер, Кристјан Аслани во 48-та минута од дуелот.
Сега Албанците имаат шест бода по четири одиграни натпревари во групата 1 од Лигата Б, израмнувајќи се со Грузија.
Словаците беа подобри од Азербејџан на гости и победија со 1-3. Со овој триумф стигнаа со 10 бода во групата 1 од Лигата Ц.
Мамадов во 15-та минута си постигна автогол, но Азербејџан успеа да израмни пред крајот на првиот дел со погодокот на Бајрамов.
Азербејџан остана со десетмина фудбалери во 70-тата минута поради исклучувањето на Емрели, а тоа Словачка го казни со головите на Хараслин и на Дуриш.