Поранешен играч на Реал Мадрид е нов тренер на Бока јуниорс!

Еден од најголемите „синови“ на Бока јуниорс во поновата историја на овој славен аргентински клуб, Фернандо Гаго, е наименуван за главен тренер на трофејниот тим од Буенос Аирес.

Тој веќе се фати за работа и го одржа првиот тренинг со тимот во кој игра Единсон Кавани, од кој Гаго е постар неполна една година.

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, се повлече од активното играње во 2020 година и почна тренерска кариера. Пред да потпише за Бока, работеше во мексиканска Гвадалахара.

Како дел од Реал Мадрид, Гаго стана двократен шампион на Шпанија во 2007 и 2009 година, а за Бока играше од 2004 до 2006 и од 2013 до 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести