Три нови засилувања од Баерн Минхен ќе дојдат на „Олд Трафорд“?

Манчестер јунајтед се засили од Баерн Минхен ова лето со Мазрауи и Де Лихт, но внимателно следи уште тројца играчи од германскиот гигант кои сака да ги доведе во наредниот период. Клубот ќе започне со обиди веќе во зимскиот трансфер период.

На листата на желби на Црвените ѓаволи се наоѓаат Леон Горецка, Лирој Сане и Алфонсо Дејвис, кои најверојатно ќе го напуштат Баерн на крајот од сезоната, а можеби и порано.

Горецка не добива доволно минути во Баерн бидејќи Винсан Компани преферира други играчи, а иста е ситуацијата и со Лирој Сане.

Англиските медиуми откриваат дека Манчестер јунајтед ќе се обиде да ги ангажира Горецка и Сане веќе во јануари и се подготвени да потрошат над 50 милиони евра за да го засилат тимот.

Трансферите на овој тандем не се невозможна мисија, со оглед дека Компани не смета сериозно на нив, додека ситуацијата со Алфонсо Дејвис е сосема различна. Канадскиот лев бек е стандарден во тимот, но одбива да го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната.

Манчестер јунајтед веќе го контактираше Алфонсо Дејвис за да ја разгледа можноста да дојде на „Олд Трафорд“ следното лето како слободен играч. Сепак, тоа ќе биде многу тешко бидејќи Дејвис се поврзува и со трансфер во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести