Англискиот гигант Манчестер јунајтед има лош почеток на сезоната во Премиер лигата, а новото раководство се обидува да направи и реорганизација во структурата на клубот. Се најавуваше можеби и разделба со менаџерот Ерик тен Хаг, но тој „преживеа“ уште еднаш, а „метлата“ го фати сер Алекс Фергусон.
Медиумите на Островот ја открија шокантната одлука на раководството на Манчестер јунајтед, за прекин на соработката со легендарниот Алекс Фергусон. Тој имаше активен договор како амбасадор на клубот, но новиот косопственик Џим Ретклиф сака да намали дел од клупските трошоци.
Сер Алекс Фергусон имал договор со Ѓаволите да биде амбасадор на клубот во целиот свет, но отсега легендарниот менаџер нема да платен за таа функција.