Убава е победничката серијата на Македонија, но две и пол години немаме триумф над ривал кој е во Топ 90 во светот

Македонската фудбалска репрезентација постави историски резултат откако победи три меча по ред и тоа без да прими гол, што е прв ваков сллучај во 31-годишната историја на националниот состав. Убаво е кога Македонија е прва на табелата во Лигата на нации, но тоа и беше очекувано ако се знае кои беа противниците.

Ерменија која два пати ја победивме е на 96 место на ФИФА листата што е 24 позиции послаб ранкинг од тој на Македонија (72 место на ФИФА листата). Против Фарски острови селекција која е дури на 140 место на ФИФА листата киксиравме и одигравме 1:1 на гости, додека Летонија која со 3:0 ја победивме во Рига е на 137 место во светот, односно 65 позиции послаби од Македонија.

Во следните Лига на нации ќе играме во Б сегментот и ќе вкрстиме со подоборангирани репрезентации од нашата, што ќе биде вистински тест за Македонија.

Ако се погледнат резултатите на Македонија во последните две години, нашата репрезентација нема ниту една победа против ривал кој е меѓу најдобрите 90 во светот. Последниот голем успех е триумфот над Италија во Палермо во март 2022 година со 1:0, а потоа следуваат радости само над селекции кои се далеку послаборангирани од Македонија.

Во овие две и пол години ги имаме победувано Гибралтар два пати (198 место на ФИФА листа), Малта два пати (171 место на ФИФА), Фарски острови (140 место на ФИФА листа), Ерменија три пати (96 место на ФИФА листата) и Летонија (137 место на ФИФА листата).

Во овој период од две и пол години игравме и губевме од Чешка (2:1), Хрватска (3:0), Црна Гора (1:0), Италија (5:2), Украина (2:0 и 3:2), Англија (7:1), Азербејџан (3:1), Саудиска Арабија (1:0), Бугарлија (1:0), Грузија (2:0 и 3:0), а ремизиравме во дуелите со Молдавија (1:1), Англија (1:1), Италија (1:1), Финска (1:1), Бугарија (1:1).

Убаво делуваат трите сигурни победи без примен гол, оваа низа треба да продолжи и по ноемвриските пресметки против Летонија и Фарски острови во Скопје, а потоа Македонија конечно да покаже дека има квалитет да парира и да победи селекции кои се во Топ 90 во светот и за тоа да се случи да не чекаме уште две и пол години.

- Оглас -

Најнови вести