По една година пауза Нејмар е подготвен да се врати и тоа во меч од Лигата на шампиони

Повеќе од една година помина кога последен пат Нејмар беше на фудбалскиот терен. Капитенот на бразилската репрезентација се повреди минатиот октомври и тоа за време на репрезентативни обврси со Бразил.

Скинати лигаменти на левото колено беше повредата поради која Нејмар мораше да прави операција, а потоа следуваше долга рехабилитација, за сега конечно да е дојдено време повторно да се врати на теренот.

Нејмар лани потпиша за екипата на Ал Хилал во Саудиска Арабија, но одигра само пет меча, а сега навивачите на овој тим со нетрпени чекаат Бразилецот повторно дасе врати на теренот. Тој веќе тренира и според најавите, Нејмар може да биде во составот на Ал Хилал за дуелот против Ал Аин во рамките на азиската Лига на шампиони. Овој дуел е закажан за 21 октомври.

Актуелниот договор на Нејмар со Ал Хилал е до јуни 2025 година, а според некои шпекулации, Бразилецот потоа може повторно да се врати во Европа.

- Оглас -

Најнови вести