Таунс не се плаши ни од громовите на Оклахома

Бојан Богдановиќ (Индијана пејсерс – Чикаго булс, НБА, 01.00 часот)

Хрватскиот репрезентативец е во одлична форма и на последните 4 меча за Пејсерс лесно ја минуваше границата од 20 поени.

Против Чикаго, кој е во добар тренд со 5 победи на последните 7 меча, Богдановиќ може лесно да постигне 20+ поени. Ќе треба да го чува Луваву Кабарот, кошаркар што дебитира сезонава во НБА, а играше во АБА-лигата и не е калибар за да му се спротивстави на хрватскиот репрезентативец.

Индијана има 3 порази на последните 4 натпревари, но против Чикаго има 3 успеси во серија, па го очекува и четвртиот предводена од Богдановиќ, кој е во топ форма.

Предлог тип: Богдановиќ > 21.5 поени (1.87)

 

Бен Симонс (Филаделфија 76 – Орландо меџик, НБА, 01.00 часот)

Кога Џоел Ембид не игра, кај Симонс за нијанса паѓа просекот со асистенции, но расте бројот на поени. Извонредниот олраунд-кошаркар на Филаделфија игра сè подобро како се ближи крајот на регуларниот дел на сезоната и е вистински лидер на 76-те.

Кога е расположен за игра, тешко се чува, па противниците се на мака со атрактивните потези на Бен. Знае да влезе во ритам и во последно време драстично го крена просекот на поени.

Очекуваме ноќеска против Орландо повторно да го потврди раскошниот талент и да ја мине границата од 20 поени.

Предлог тип: Симонс > 19.5 поени (1.85)

 

Карл Ентони Таунс (Минесота тимбервулфс – Оклахома тандер, НБА, 02.00 часот)

Таунс е во серија, и тоа веднаш откако се врати на теренот по повредата. Младиот центар на Минесота е еден од најефикасните кошаркари во НБА-лигата, а пет меча по ред е далеку над 20 поени и редовно ја минува границата што му ја даваат за поени во додатокот на Sport Life.

Минесота игра брза кошарка, што потполно му одговара на Таунс. Противник ќе му биде искусниот Стивен Адамс, кој е солиден во одбраната, но е пребавен за Таунс и не може да ги брани неговите удари од поле и за три поени.

Предлог тип: Таунс > 25.5 поени (1.75)

 

Кавај Ленард (Торонто репторс – Хјустон рокитс, НБА, 02.00 часот)

Ник Нурс има интересна тактика со настапите на Кавај Ленард. По два-три меча веднаш ја одмара својата главна ѕвезда, па потешко е да се погоди кога бекот на Торонто ќе игра, отколку дали ќе ја мине границата на поени што се движи околу 26-27 поени.

Ноќеска би требало да игра против Хјустон, противник што му е меѓу омилените и кога настапуваше за Сан Антонио спарс. Типуваме дека Кавај ќе постигне повеќе од 27,5 поени.

Предлог тип: Ленард > 27.5 поени (1.85)

 

Џејмс Харден (Торонто репторс – Хјустон рокитс, НБА, 02.00 часот)

Бекот-шутер на Хјустон е прв кандидат за МВП на сезоната и навистина игра импресивно. Многумина не го сакаат неговиот стил и однос на теренот, но Харден е машина за кошеви во ова издание на НБА-лигата.

Секако троши и многу топки, но и погодува, а што е најважно тимот има успеси во регуларниот дел од сезоната.

Харден игра одлично против Торонто и бројките му се одлични против канадскиот тим, а постигнуваше редовно над 30 поени на последните дуели со Репторс. Просекот на последните пет му е 36,4 поени, а за ноќеска границата поставенa во обложувалниците на Sport Life e 35,5. Типуваме на нов блесок на Харден и меч со многу поени за него.

Предлог тип: Харден > 35.5 поени (1.87)

 

 

- Оглас -

Најнови вести