Слот ја пронајде замената за Салах, но Ливерпул ќе мора да плати 110 милиони евра

Ливерпул полека но сигурно се подготува за ерата после Мохамед Салах, со оглед на тоа дека на репрезентативецот на Египет договорот му завршува на крајот од тековнава сезона, а нема никаква најава дека ќе биде продолжен.

Арне Слот ја бара замената за Салах, а се чини дека изборот падна на фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго. Бразилецот има договор до 2028-мата година, па Ливерпул ќе мора да одврзе кесето ако сака да го купи Родриго.

Анчелоти сериозно смета на Родриго, но се чини дека „кралевите“ се подготвени да го пуштат бразилецот за 110 милиони евра, а Ливерпул е подготвен да ја плати таа сума.

- Оглас -

Најнови вести