Лудница во Белград: Партизан имаше +22, на крајот за малку ќе направеше „од готово – вересија“

Кошаркарите на Партизан ја забележаа првата победа оваа сезона во Евролигата, откако во луда атмосфера во „Белградска арена“ го совладаа Баерн Минхен со 86-78. Натпреварот мина во комплетна доминација на домашните, со исклучок на последните неколку минути.

Партизан во еден момент дојде до водство од +22 поени, но потоа дојде до опуштање, а гостите во последниот период дојдоа и на само -6, но немаа сили да направат комплетен пресврт.

„Црно-белите“ ги добија првите три четвртини, но убедливо ја загубија последната. Браун со 22 поени беше убедливо најефикасен поединец на паркетот и најзаслужен за победата на Партизан. Во поразениот состав најмногу поени уфрли Обст, 15.

- Оглас -

Најнови вести