Барселона ќе го продолжи договорот на младата суперѕвезда Ламин Јамал. Актуелниот договор на младиот играч истекува во летото 2026 година.
Според „Мундо Депортиво“, раководството на каталонскиот гигант веќе имаат устмен договор со Јамал, а се очекува следната година, кога фудбалерот ќе стане полнолетен, договорот да биде обновен до крајот на сезоната 2029/30.
Јамал оваа сезона одигра 11 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и веќе постигна пет гола и пет асистенции.
Јамал моментално се опоравува од повреда, а сите во клубот се надеваат дека нема да го пропушти најважниот натпревар од почетокот на сезоната, Ел класико, против Реал Мадрид.