Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи дуелот меѓу Нови Пазар и Партизан да се игра без присуство на публика, што наиде на голем револт кај навивачите во Нови Пазар. Дуелот од српското првенство ќе се игра на 21 овој месец, а навивачите на Нови Пазар се заканија дека доколку нема публика на трибините, нема да се одигра ниту натпреварот.
Тимот на Нови Пазар беше казнет со два меча суспензија поради навредливо скандирање и транспаренти, како и фрлање на предмети кон голманот на Раднички, Марко Милошевиќ. Откако беше јасно дека поради таа суспензија нема да има навивачи на трибините, фановите на Нови Пазар излегоа низ улиците и упатија загрижувачка порака.
„Мечот нема да се одигра, наш град-наши правила“, стои на паролата, а в понеделник останува да се види дали мечот сепак ќе се одигра.