Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер покажува дека мисли и на иднината и младите играчи, откако потпиша договор со кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски. Талентираниот Ристевски одигра само неколку натпревари во битолскиот тим, но и тоа беше доволно за да потврди дека местото му е во проектот на Пелистер и во иднина. Од клубот истакнуваат дека е препознаен талентот на Самоил и ракометарот го продолжи договорот до 2028 година.
Ристевски кој има само 18 години е продукт на школата на клубот, а игра на позицијата кружен напаѓач. Тој веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија каде истотака го покажа својот квалитет.
„Потписот на Ристевски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион“, истакнуваат од Еурофарм Пелистер.