Надал искрено: „Нашата ера не е готова, се додека е тука Новак!“

Ерата на Федерер, Надал и Ѓоковиќ полека завршува. Швајцарецот веќе е во пензија, шпанецот го најави заминувањето од тенисот на крајот од оваа сезона, а единствено српскиот тенисер останува да им пркоси на помладите тениски ѕвезди, како што се Алкарас и Синер.

Сепак, Надал, смета дека нивната ера се уште не е завршена, бидејќи Ѓоковиќ се уште е активен.

„Синер и Алкарас се прв и втор во светот и прават своја приказна. Сепак, не можеме да ги споредуваме со нашата ера, бидејќи таа се уште не е готова. Новак Ѓоковиќ се уште е тука. Новата генерација доаѓа, ќе видиме како ќе се одвиваат нивните кариери. Мора да пуштиме да играат, нема потреба да ги споредуваат со нас.“ – вели Рафаел Надал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести