Еден од најбараните фудбалери во Европа во моментов е Флоријан Вирц. Фудбалерот на Баер Леверкузен со своите игри ги воодушеви великаните, кои застанаа во ред за неговиот потпис.
Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер сити и Арсенал се подготвени да платат и над 100 милиони евра за да го добијат неговиот потпис, но за тоа се прашува и раководството на Баер Леверкузен, со оглед на тоа дека фудбалерот има годовор до 2027-мата, а нема откупна клузула.
„Секако дека не сакаме да ги засилуваме директните конкуренти во Германија со нашите врвни фудбалери. Тоа му го кажав директно и на Џонатан Та, ‘прифаќам ако сакаш да заминеш, но оди во било кој друг клуб, а не во оној од Германија’.“ – вели директорот на Баер, Фернандо Каро.
Тоа би значело дека Вирц би го продале на било која екипа, само не на Баерн Минхен.