Вардар загуби од Брест Мешков со 30:32, пораз што звучи сензационално, но тренерот на македонскиот првак вели дека е без преголемо значење.
„Секако сме пласирани на фајнал фор-турнирот во СЕХА-лигата и затоа овој пораз е без преголемо резултатско значење. Тешко е да се игра во ист ритам на натпревари и во Лигата на шампионите и во Регионалната лига. Гостите и повеќе ја посакуваа победата и заслужено ги освоија бодовите“, изјави Парондо.
Вардар е на првото место во Регионалната лига со 39 бодови, но и со натпревар повеќе од Нексе и Загреб, екипи кои со победи можат да го стигнат македонскиот шампион на чело на табелата.