Следниот месец точно ќе се знае дали македонската фудбалска репрезентација ќе учествува во баражите за место на Светското првенство во 2026 година, а според ситуацијата во Лигата на нации во моментов, имаме реални шанси.
Во рангирањето на селекциите кои се првопласирани во своите групи од Лигата на нации, Македонија е на 11-то место.
Пред нас се Германија, Шпанија, Португалија и Франција од Лига А, Турција, Грција, Австрија и Чешка од Лига Б, како и Романија и Шведска од Лига Ц. Со 6 освоени бодови во последните две кола против Летонија и Фарски острови дома, имаме реална шанса да бидеме и пред Швеѓаните или Романците.
За да игра бараж (ќе се играат два меча, полуфинале и финале, и четири тима кои нема да изборат место преку квалификации, така ќе обезбедат место на СП) за Мундијалот, на Македонија ѝ треба седум од 10-те тима кои се пред нас на рангирањето, да обезбедат место на СП преку квалификациите.