Барселона должи речиси 150 милиони евра, пари од трансферот на Левандовски чекаат седум клубови

Челниците на Барселона треба да исплатат долг за трансфери дури од 147 милиони евра, соопшти весникот „Ас“. Пари од каталонскиот клуб чекаат десетина клубови, а интересно е дека само за исплата на трансферот на Роберт Левандовски чекаат да се офајдат дури седум клуба.

Барселона се договори со Баерн Минхен да го купи Левандовски за трансфер вреден 45 милиони евра. Баварскиот гигант чека да му бидат доплатени уште 21 милион евра, а интересно е дека од овој трансфер пари чекаат уште шест други клубоа. На Борусија Дортмунд треба да ѝ бидат исплатени 78.000 евра, а пари ќе има и за сите претходни клубови за кои настапуваше искусниот голгетер, а тоа се: Легија Варшава (50.000 евра), Лех Познањ (119.000 евра), Делта Варшава (33.000), Знич (113.000) и МКС Варшава (169.000 евра).

Левандовски во дресот на Барселона одигра 106 меча, во кои постигна 71 погодок. Сезонава е одлична за голгетерот кој има постигнато 12 погодоци во 11 средби во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести