Медведев ги „измами“ Саудијците како никој претходно: За 69 минути си заработи 1,5 милиони долари и си замина

Егзибицискиот тениски турнир „Слем шест кралеви“, кој вчера започна во Ријад, Саудиска Арабија, донесе разочарување на самиот старт. Причина за разочарувањето се лесните победи на Карлос Алкарас и Јаник Синер во дуелите против Холгер Руне, односно Данил Медведев.

Руне сезонава игра лошо и поради тоа падна дури на 14-тото место на АТП-листата, па неговиот пораз од Алкарас со 6:4, 6:2 и не е толку зачудувачки. Повеќе изненадува лесниот пораз на Медведев против Синер. Првиот сет Синер го доби со 6:0 само за 27 минути, а во вториот Италијанецот беше подобар со 6:3 и само за 69 минути го елиминира Медведев.

Овој пораз на Медведев нема да му падне тешко затоа што само за 69 минути поминати на теренот си инкасираше 1,5 милиони долари, колку што организаторот им даде на сите шест учесника. Очигледно дека на Медведев не му беше предизвик да даде отпор и да се бори за трофејот кој на крајот на победникот ќе му донесе и парична награда од шест милиони долари.

Денеска на програмата на овој турнир се два супер интересни дуели. Прво ќе играат Јаник Синер против Новак Ѓоковиќ, а потоа е шпанската пресметка меѓу Карлос Алкарас и Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести