Манчестер ј. му зададе нов удар на Сер Алекс, веќе нема да смее да влезе во соблекувалната

Најтрофејниот англиски клуб во Премиер лигата, Манчестер јунајтед, реши да го отпушти Сер Алекс Фергусон. Легендарниот шкотски тренер кој е најтрофеен во историјата на Манчестер јунајтед беше еден од 250-те вработени кои беа отпуштени како технолошки вишок.

Во последните неколку години Фергусон беше голобален амбасадор на клубот, но сега 82-годишниот Шкот останува без ова признание. Фергусон во Манчестер јунајтед дојде во 1986 година и беше тренер се до 2013 година, а потоа остана да биде дел од клубот. Цели 38 години Сер Алекс беше на платниот список на Црвените ѓаволи.

Освен тоа што 82-годишниот Ферги доби отказ, тој доби и забрана за влез во соблекувалната на фудбалерите. Досега Фергусон секогаш кога ќе почувствуваше потреба, тој влегуваше во соблекувалната да даде совети до играчите, но и на тренерите. Сега тоа ќе му биде забрането, што всушност значи дека легендарниот тренер станува „безгласна буква“ во англискиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести