Хрватскиот напаѓач Анте Будимир на 34-годишна возраст е пред трансферот на кариерата. Фудбалерот на Осасуна игра во фантастична форма, па се најде на радарот на Јувентус, кој бара партнер за Душан Влаховиќ во нападот.
Будимир веќе три години е дел од Осасуна, а има договор до 2027 година, а со оглед дека неговата вредност во моментов е само пет милиони евра, Јувентус ќе може да купи квалитетен напаѓач за мала сума.
Триесет и четиригодишниот Хрват во својата кариера освен за Осасуна, настапуваше и за ЛАСК, Горица, Интер Запрешиќ, Локомотива Загреб, Ст. Паули, Кротоне, Сампдорија и Мајорка, па доколку потпише за Јувентус, тоа секако ќе биде најзвучниот клуб во неговата кариера.
Будимир во дресот на Осасуна одигра 146 натпревари, на кои постигна 51 гол и забележа шест асистенции.