Погба: И да ми се јави Ибрахимовиќ, нема да одам во Милан, нема да го предадам Јувентус

Фудбалерот за врска на Јувентус, Пол Погба, ја отфрли можноста да се пресели во Милан и изјави дека има амбиција да ја обнови кариерата во торинскиот гигант.

Погба, кој беше суспендиран на четири години поради користење допинг, доби намалување на казната на 18 месеци, па веќе во март 2025 ќе има право повторно да игра.

„Дали ќе му се приклучам на Милан? Невозможно. Дури и да ме повика Ибрахимовиќ, тој знае дека нема да го предадам Јувентус. Не се гледам себеси во друг дрес. Фокусиран сум на враќање во Јувентус и во француската репрезентација”, изјави 31-годишниот Погба.

- Оглас -

Најнови вести