Реткост е да се најдат фанови на Роџер Федерер во Србија, особено такви фанатици кои навиваа за Швајцарецот кога играше против Новак Ѓоковиќ, а Ноле сподели повеќе од интересна анегдота од својот живот токму поврзана на оваа тема.
„Се шетав со децата и сопругата по кејот на Сава. На лулашките дојдоа и други родители и ми пријде еден човек и ми рече: знаеш ли дека јас сум единствениот што навива за Федерер против тебе, а е од Србија? Му реков, ако си единствениот, тоа е супер!“, се присетува Ѓоковиќ.
Тенисерот продолжи да раскажува како продолжил текот на муабетот.
„Тој ми рече: Не ти пречи тоа? Ме праша и каков е Федерер како личност. Ми рече, ‘го има тој волеј, таа убавина на играта, не можам да му одолеам’. Му реков дека е во ред. Ме молеше да не му замерувам. Не можам да кажам навивај за мене. Според логиката на работите, очекуваш кога си од Србија да навиваш за играчите од Србија, но дали тоа мора да биде задолжително? Не мора!“, додаде Ѓоковиќ, кој вечерва игра со Јаник Синер во полуфиналето на егзибицискиот турнир во Ријад, а ако загуби, би имал меч, а трето место најверојатно против Рафаел Надал.