Португалецот Кристијано Роналдо, кој моментно игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, е најдоброплатениот фудбалер во светот во 2024 година според рангирањето на магазинот „Форбс“.
Според американскиот магазин, Роналдо годинава заработил дури 285 милиони долари (220 милиони плата и бонуси од клубот и 65 милиони приходи надвор од фудбалските терени).
Второто место го зазема Аргентинецот Лионел Меси од Интер Мајами со 135 милиони долари (60+75). Првата тројка ја затвора бразилскиот напаѓач на саудискиот Ал-Хилал, Нејмар, кој иако не игра поради повреда, заработи 110 милиони долари (80+30).
Карим Бензема (Франција, Ал-Итихад) со 104 милиони долари, Килијан Мбапе (Франција, Реал Мадрид) со 90 милиони долари, Ерлинг Халанд (Норвешка, Манчестер сити со 60 милиони долари, Винисиус Жуниор (Бразил, Реал Мадрид) со 55 милиони долари, Мохамед Салах (Египет, Ливерпул) со 53 милиони долари, Садио Мане (Сенегал, Ал-Наср) со 52 милиони долари и Кевин де Бројне (Белгија, Манчестер сити) со 39 милиони долари ја заокружуваат најбогатата фудбалска десетка.