Меси: „Ги исполнив сите свои соништа, што друго ми преостанува?“

Шпанскиот весник „Марка“ му додели на Лионел Меси признание за најтрофеен фудбалер во историјата, а тоа беше прилика и да се поразговара со Аргентинецот.

„Што ми преостанува друго во фудбалот? Му благодарам на Бога, можам да кажам дека ги исполнив сите мои соништа. Најголемиот сон ми беше да го освојам Светското првенство. Освоив сè што можеше да се освои за клубот на мојот живот, Барселона, а титули освојував и со ПСЖ. Не можам веќе ништо да барам“, рече Меси.

Следното Светско првенство се одржува за две години, а Меси тогаш ќе има 39 години, па не ја отфрла можност да игра и во САД, Канада и Мексико.

„Во животот сè се случува со причина. Се трудам да уживам од ден за ден. Кога ќе дојде време за тоа, ќе видиме, не сакам да брзам. Во моментов се чувствувам добро и се надевам дека така ќе биде и во иднина. Не сакам ништо да најавувам од сега“, вели Меси на прашањето дали ќе игра на СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести