„Форбс“ ја објави листата на најплатени фудбалери, Кристијано Роналдо нема никаква конкуренција

Специјализираниот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на десетте најплатени фудбалери во светот. Без конкуренција, на првото место е Кристијано Роналдо, кој последната година заработил 285 милиони долари, од кои 220 милиони на теренот, а 65 милиони од спонзорски договори и маркетинг.

На втората позиција е Лионел Меси со заработка од 135 милиони долари, од кои 65 милиони ги заработил играјќи за Интер Мајами, а 70 милиони од маркетинг и спонзорски договори. Во овој сегмент, Аргентинецот има најголема заработка, поголема од Кристијано Роналдо за пет милиони.

На третата позиција е фудбалерот кој одамна нема играно фудбал, а тоа е Нејмар, кој заработил 110 милиони долари, од кои 80 се од играње фудбал.

Во топ-10 фудбалери се и: Карим Бензема (104), Килијан Мбапе (90), Ерлинг Халанд (60), Винисиус (55), Мохамед Салах (53), Садио Мане (52) и Кевин де Бројне (39).

- Оглас -

Најнови вести