1011 Лидс – Шефилд јунајтед (21:00)
Очекувањата од натпреварот помеѓу Лидс и Шефилд јунајтед се дека навивачите ќе имаа можност да видат голови, и тоа во двете полувремиња. Домашните се во серија од четири натпревари на кои се паднаа најмалку по два гола, а последниот меѓусебен дуел на овие две екипи заврши со победа на Лидс од 2-1.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.02)
1801 Борусија Дортмунд – Ст. Паули (20:30)
Борусија Дортмунд е голем фаворит против Ст. Паули според позициите на табелата. „Милионерите“ се на седмата позиција со 10 бода, додека гостите 15-ти само со четири. Меѓусебните дуели секогаш биле ефикасни, а на последните четири имало најмалку по три гола. Мечот против Ст. Паули ќе биде одлична можност за Борусија да се врати на победничките патеки по неочекуваниот пораз од Унион Берлин.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.10)
1301 Алавес – Ваљадолид (21:00)
Повратникот во шпанската Ла Лига, Ваљадолид, лошо тргна во новата сезона, па се наоѓа на претпоследната позиција само со пет бода. Тоа значи дека Алавес ќе има убава можност по три порази да се врати на победничките патеки и да ја зацврсти позицијата во средината на табелата. На последните седум меча на Алавас беа постигнувани помеѓу два и пет гола, а така беше и на последните четири натпревари на Ваљадолид. Во меѓусебните дуели, Алавес е во серија од три победи по ред.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.24)
1701 Монако – Лил (20:45)
Единствениот меч од француското првенство во денешната програма е своевидно дерби, со оглед на тоа дека лидерот Монако го пречекува петтиот Лил. Домашните ќе мора да останат непоразени ако сакаат да ја задржат лидерската позиција пред ПСЖ, а Лил ќе напаѓа за приклучок кон битката за титулата и за пласман во Лигата на шампионите.
Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.73)
1655 Бершот – Андерлехт (20:45)
Фудбалерите на Андерлехт се апсолутни фаворити на гостувањето кај фенерџијата Бершот. Сè освен победа за нив ќе биде голем неуспех на овој натпревар, а од нив се очекува и ефикасен фудбал. Бершот веќе 10 натпревари оваа сезона нема победа, а последен пат се радуваа на пријателски меч против ОФИ Крит одигран во месец јули.
Предлог тип: 2 & 1+I & 1+II (2.21)