Јунајтед го купи за 40 милиони евра, а сега го продаваат, на негово место доаѓа европскиот хит-напаѓач

Холандскиот интернационалец Џошуа Циркзе летоска дојде во Манчестер јунајтед за сума од 40 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, односно се вклопи во сивилото на тимот. На екипата на Ерик тен Хаг не ѝ цветаат рози, па раководството повторно подготвува рез за зимскиот преоден рок.

За Циркзе интерес има од Јувентус, а Црвените ѓаволи на негово место сакаат да го ангажираат хит-напаѓачот Бенјамин Шешко од Лајпциг. Раководството на Манчестер јунајтед е подготвено да плати дури 65 милиони евра само да го добие неговиот потпис. Сепак, тука се прашува и екипата на Лајпциг, па можно е оваа сума да биде и повисока.

- Оглас -

Најнови вести