Премиер дивизијата на Реублика Ирска е најнеизвесната лига во Европа во моментов. На три кола до крајот, дури шест тима имаат шанси за освојување на титулата.
Во моментов, на првите две позиции се Шелбурн со 54 и Дери сити со 52 бода, колку што има и третиот Шемрок роверс, Сент Патрикс има 50 бода и во налет е со серија од пет победи по ред.
Лидерот Шелбурн и вториот Дери сити одамна не победиле, имаат серии од шест, односно пет меча по ред без триумф, па нивните ривали со право се надеваат на чудо. Да биде уште поинтересно, во последното коло меѓу себе треба да играат Шелбурн и Дери сити и можно е тоа да биде директен меч за титула.
Вечерва се играат четири од петте меча во колото, по што ќе се знае колку тима остануваат во лудата трка за титула.