Најдобриот македонски одбојкар кариерата ја продолжува во Турција

По европската елиминација на Струмица, за која играше кратко (два меча), најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓорѓиев, повторно се враќа во странство и ќе го носи дресот на турскиот прволигаш Туршад.

Туршад е тим кој по две кола сезонава во турската лига има два пораза, па Никола ќе им биде големо засилување.

За 36-годишниот Ѓорѓиев ова ќе биде 20-та сезона како интернационалец.

- Оглас -

Најнови вести