На дуел од пониските лиги во српскиот фудбал, во Војводинска лига „Исток“, меѓу домаќинот Полет и Напредок од Честерега, се случи масовна тепачка. Домашниот тим победи со 3:1, а по завршување на натпреварот се случи масовна тепачка во која учествуваа играчите на двете екипи.
Судијата имаше многу работа и на крајот поделил дури 10 црвени картони, пишува Курир. Потоа реагирале полицајците кои ја смириле ситуацијата.