Помалку од 10 дена останува до најголемото дерби во светот меѓу Реал Мадрид и Барселона. На 26 октомври, на „Сантијаго Бернабеу“ сигурно ќе бидат исполнети сите 85.000 места.
Ова ќе биде прво Ел Класико за Килијан Мбапе што прави дополнителен предизвик и за неутралните навивачи да го гледаат овој дуел. Билетите за ова дерби се движат од 104 до 364 евра, додека ВИП влезниците се по 815 евра.
Побарувачката за ова „златно“ парче хартија е огромна. На он-лајн листата има преку еден милиони луѓе кои чекаат да добијат билет за Ел Класико, а мал дел од нив ќе имаат среќа да бидат на „Сантијаго Бернабеу“.
Пред Ел Класико Реал Мадрид ќе игра два меча и тоа прво против Селта Виго во домашното првенство, а потоа и против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.