Црвена ѕвезда и Барселона играат жесток дуел во дербито на четвртото коло во кошаркарската Евролига. По првото полувреме Црвена ѕвезда води со 47:44, а покрај одличната атмосфера на трибините и силното темпо на теренот, првиот дел го одбележа и еден неочекуван момент.
Пред крајот од првата четвртина, Црвена ѕвезда беше во напад, Добриќ беше сам под кошот на противиникот и погоди, а сите беа збунети кога под кошот се појави едно куче. Судиите веднаш реагираа, но кучето веднаш се повлече од теренот, па мечот без проблем продолжи.
Ovo stvarno nema nigde! pic.twitter.com/tj18jVz26U
— Borko Rezač (@BorkoRezac) October 18, 2024