Фудбалерот на Шахтар Донецк Винисиус Тобиас имаше неуспешна епизода во Реал Мадрид, каде пред две години беше најавуван како можна замена за Дани Карвахал. сепак, Бразилецот не се снајде најдобро во Мадрид и затоа беше вратен во Шахтар.
Сега, Винисиус Тобиас повторно е во фокусот, но не поради фудбалски причини. Неговата поранешна девојка Ингрид Лима преку Инстаграм објави дека Тобиас не е татко на нејзината ќерка. Кога се породи Ингрид, фудбалерот го истетовира името на бебето од среќа што станал татко. Сега разбра дека не е тој таткото.
„Како што сите знаете, Винисиус Тобиас и јас не бевме долго заедно, а за време на прекинот што го имавме, јас се гледав со друг маж. Затоа, одлучив да направам ДНК тест кој потврди дека Маите не е ќерка на Винисиус“, откри популарната инфлуесерка.
Винисиус на тетоважата која ја има напиша „Маите, те сакам“, покажувајќи колку е среќен што станал татко, но и таа среќа сега му се претвори во кошмар.