Роналдо е херојот во „луд“ меч: даде гол од пенал за победа во 90+7 минута, а ривалот промаши пенал во 90+13 (Видео)

Кристијано Роналдо по кој знае кој пат се покажа како херој за тимот за кој настапува. Португалецот постигна гол од пенал во 90+7 минута за Ал Наср кој на крајот победи со 2:1 на гости кај Ал Шабаб.

Мечот беше мирен до 69 минута, кога Ал-Наср поведе со голот на Лапорт. Во 90 минута, Ал Шабаб се израдува на авоголот на Ал Хасан кога резултатот покажуваше 1:1. Во 90+7 минута, беше досуден пенал за Ал-Наср, а Кристијано Роналдо даде гол за 2:1. Ова беше 45 погодок за Роналдо во 44 натпревар за тимот од Саудиска Арабија.

Al Shabab 1-[2] Al Nassr – Cristiano Ronaldo 90’+7′ (Penalty)
byu/LebHeadSinceWilma insoccer

Сепак, тука не беше крајот на драмата, затоа што Ал Шабаб доби шанса да израмни на 2:2, но пеналот во 90+13 минута домаќините не го реализираа и Ал Наср победи.

- Оглас -

Најнови вести