Арсенал и Светците ќе победат, Лајпциг има тешко гостување

1007 Борнмут – Арсенал (18:30 ч.)

Арсенал заедно со Манчестер сити се единствените два тима во Премиер лигата без ниту еден пораз. Топчиите вечерва гостуваат кај Борнмут, тим кој е во долниот дел од табелата.

Осум победи и едно реми има Арсенал во последните девет пресметки со овој ривал, па јасно е и сега кој е фаворит за освојување на трите бода. Кога играат овие два тима, најчесто е интересно и има повеќе погодоци.

Предлог тип: 2&2-4 (2.70)

 

1704 ПСЖ – Стразбур (21 ч.)

Францускиот првак за ривал има тим кој сезонава игра многу цврсто и ретко губи. Стразбур нареди четири нерешени во седумте кола што ги одигра во првенството. ПСЖ е офанзивно најопасниот тим и во просек постигнува по три гола на меч, а и традицијата во дуелите со Стразбур вели дека на осум од последните 10 пресметки имало барем три погодоци

Предлог тип: 1-1&3+ (2.26)

 

1612 Јувентус – Лацио (20:45 ч.)

Двата тима имаат освоено по 13 бодови во првите седум кола. Јувентус е единствен без пораз, но има четири реми. Старата дама ја има најдобрата одбрана во Топ 5 лигите и прими само еден гол досега и тоа од пенал.

Од друга страна, лацио игра без многу калкулации, офанзивно па затоа има гол разлика од 14 дадени и 11 примени гола, односно во просек сезонава на дуелите на Небесносините паѓаат по 3,5 погодоци. На последните шест меѓусебни дуели, билансот е израмнет и имаат по три победи и едниот и другиот тим, па затоа најдобро е да се типува на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.25)

 

1806 Мајнц – Лајпциг (15:30 ч.)

Домашниот терен е адут на Мајнц, но квалитетот е на страна на гостите. Лајпциг е без пораз во првенството, а тоа е најмногу благодарение на гранитната одбрана, која прими само два гола во шест средби.

Мајнц игра без многу калкулации, а домашниот тим верува дека може да продолжи една добра низа, а тоа е три меча без пораз од Лајпциг и без примен гол речиси 300 минути од овој ривал.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.90)

 

1304 Жирона – Реал Сосиедад (18:30 ч.)

Еден од понеизвесните дуели во Примера за ова коло. Двата тима имаат амбиции за висок пласман (минатата сезона завршија во Топ 6), но сезонава не им тргна како што посакуваа, па се во долниот дел од табелата.

Жирона прави многу грешки во одбраната и тоа е нивниот најслаб дел во тимот, но Сосиедад не е нешто голгетерски расположен. Традицијата вели дека на пет од последните шест меѓусебни дуели било нерешено, а четири „икса“ се со 0-2 погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести