Денешната понуда во Квоти на ден има е составена по еден натпревар од најдобрите пет лиги во Европа, а ако се одиграат сите предлози и комбинации кои се нудат, вкупниот коеифцинет кој ќе го добиете е 47.74.
Во лондонската пресметка Тотенхем е домаќин на Вест хем и тука треба да биде „кец“, но и да има барем по еден погодок во двете полувремиња, за да биде добитна квотата од точно два.
Баерн Минхен не треба да има проблеми на „Алијанц Арена“ против Штутгарт и се очекува уште во првото полувреме да има водство, а на крајот секако и да победи во пресметка на која треба да има од два до шест погодоци. Квотата за оваа комбинација е 2.35.
Јувентус и Лацио се очекува да одиграат дерби со погодоци во двете полувремиња, но нивниот број да не надмине повеќе од три. Оваа популарна комбинација се вреднува со 2.25.
Реал Мадрид треба да погодува на гостувањето во Виго против Селта и тоа според комбинацијата која се нуди, Кралевите ќе постигнат најмалку еден погодок во првиот дел, а на крајот ќе има минимим два погодоци во мрежата на Селта. Оваа комбинација е со квота од 2.10.
Пари Сен Жермен е домаќин на Стразбур и Светците треба да постигнат најмалку два погодоци, но интересно е дека се очекува и гостите да се израдуваат на погодок. Со 2.15 се вреднува зададената комбинација.