Македонија ЃП е нов лидер во Втората фудбалска лига откако го победи ФК Скопје со 0-1 на „Автокоманда“. Стрелец за тимот од Ѓорче Петров беше Славков во 64-та минута.
Брегалница не успеа да слави на гости во Радовиш играјќи 1-1 против Детонит Плачковица. Давид Калпачки ја доведе Брегалница во водство, но во финишот од мечот израмни Оливер Христов со удар со глава.
Кожуф на домашен терен го победи Борец со 2-0. Александар Ѓорѓиески и Никола Сарески погодија за домаќинот во 15. и во 73. минута.
Победа славеше со 1-2 против Вардар Неготино на неутрален терен, на СЦ „Пандев“ во Струмица. За прилепчани стрелци беа Дарио Спиркоски и Никола Талески.
ГФК Охрид ја победи Каменица Саса на гости со 1-2, со головите на Албнор Каба и на Саше Дуков.
Арсими го победи Осогово на гости со 1-2. Новаци и Башкими ремизираа без голови, а Беласица триумфира на гости против Вардарски со 0-1.