Лајпциг ја задржа лидерската позиција во Бундеслигата откако славеше со 0-2 на гости против Мајнц. Чави Симонс во 20-та минута донесе водство, а предноста ја удвои и Вили Орбан.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас конечно доби минутажа во тимот на Мајнц. Повторно почна на резервната клупа, но влезе во 73-та минута и доби дваесетина минути на ова гостување.
Шампионот Баер Леверкузен со 2-1 го победи Ајнтрахт Франкфурт, откако фудбалерите на Чаби Алонсо направија пресврт. Виктор Бонифејс не реализираше пенал во деветтата минута, а седум минути подоцна Омар Мармуш погоди од белата точка за водство на Ајнтрахт.
Андрих израмни во 25-та минута, а Бонифејс ја исправи грешката со погодок за триумф во 72-та минута.
Хофенхајм го победи Бохум со 3-1, а Борусија Менхегладбах со 3-2 славеше против Хајденхајм. Фрајбург со 3-1 беше подобар од Аугсбург.