Гарначо и Хојлунд режираа триумф за Ѓаволите (Видео)

Манчестер јунајтед со пресврт во второто полувреме успеа да стигне до важен триумф од 2-1 против Брентфорд на „Олд Трафорд“. Тимот на Ерик Тен Хаг беше неубедлив во првиот дел, а гостите тоа го искористија за да дојдат во водство со голот на Пинок непосредно пред паузата.

Во вториот дел, сепак, Манчестер јунајтед заигра многу подобро. Гарначо успеа да израмни во 47-та минута, а Хојлунд се погрижи за пресврт во 62-та минута од дуелот.

Брајтон го победи Њукасл на гости со 0-1, со голот на Дани Велбек во 35-та минута.

Астон Вила исто така стигна до гостинска победа (1-3) против Фулам. Роџерс и Воткинс беа стрелци за Астон Вила, а Диоп си постигна автогол.

Лестер триумфираше на гости со 2-3 против Саутемптон.

- Оглас -

Најнови вести