Двете македонски екипи кои вечерва играа ЕХФ Европски куп, ГРК Охрид и Алкалоид забележаа сигурни победи пред своите навивачи. Во одлична атмосфера во СРЦ „Билјанини извори“, Охрид славеше над риманскиот тим Потаиса Турда со 31:25, додека Алкалоид во скопска Автокоманда беше убедлив против тимот на Драгунас од Литванија и победи со 42:31.
Охридската публика задоволна си замина по шоуто кое го направија играчите на ГРК Охрид, Иако гостите од Романија поведоа со 3:2, потоа следеше низа од три погодоци на охриѓани, кои го превземаа водството (5:3). Охрид прв пат поведе со три разлика 7:4 и потоа константно го контролираше водството. Пред крајот на првото полувреме предноста на македонскиот тим беше и 18:14, а на полувреме резултатот гласеше 18:15.
Во вториот дел охриѓани започнаа фуриозно и прво стигнаа до 21:16 во 35 минута, а две минути подоцна и до највисоките 23:17. Во 47 минута беше 26:20, а прв пат седум голови предност Охрид имаше во 51 минута (28:21).
Никола Јукиќ со шест голови беше прв стрелец кај Охрид, Ојлески погоди пет пати, а по четири голови постигнаа Орјеникидзе и Чирач. Кај гостите најпрецизен беше Гита со шест гола.
Алкалоид покажа доминација против Драгунас од Литванија и победи со 11 разлика. Никола Костески со 12 голови најефикасен, а незапирливи беа и Бинго со 11 и Марко Митев со 9 и Мартин Серафинов со 8 погодоци.