Кошаркарското дерби во Првата македонска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром е во прекин поради фрлени петарди на паркетот.
Навивачките групи на двата тима, „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ се натпреваруваа кој повеќе пиротехника ќе фрли на теренот, по што кошаркарите се повлечени во соблекувалните.
Во моментот на прекинот, МЗТ Скопје Аеродром има убедливо водство од 30-13.