Кошаркарското дерби во Првата македонска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром е во прекин поради фрлени петарди на паркетот. Навивачките групи на двата тима, „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ се натпреваруваа кој повеќе пиротехника ќе фрли на теренот, по што кошаркарите се повлечени во соблекувалните.
Одлуката на судиите и на делегатот е јасна, навивачките групи ќе мораат да ја напуштат СРЦ „Кале“ за да може да продолжи натпреварот. Само на таков начин ќе има нормални услови за доигрување на натпреварот.
Во моментот на прекинот, МЗТ Скопје Аеродром има убедливо водство од 30-13.