На Интер му лежи „Олимпико“, Челзи на тест во Ливерпул, пекол за Севилја

1009 Ливерпул – Челзи (17.30 часот)

Црвените во ова осмо коло влегоа како лидери на табелата, а првото место ќе го задржат ако го победат Челзи во дербито или ако Сити не победи. Сините се втор најефикасен тим во Премиерлигата со 16 постигнати голови на седум меча, а Црвените ја имаат најдобрата одбрана, во седум кола примија само два гола. Ливерпул има четири бодови повеќе од Челзи, а Ливерпул е и единствениот тим во лигата кој нема нерешен резултат (6 победи и еден пораз). Единствениот пораз на тимот на менаџерот Арне Слот беше киксот дома против Нотингам форест. Челзи во март 2021 последен пат победи на „Енфилд“.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.75)

 

1809 Волфсбург – Вердер (17.30 часот)

Волфсбург има две победи сезонава во Бундеслигата, но двете се на гостински терен, сега имаат прилика да ја израдуваат и нивната публика која чека прв триумф на својот стадион. Вердер е тим кој во просек прима по два гола на натпревар, но тимот од Бремен е опасен гостин, има две победи сезонава, двете на гостински терен. На последните четири нивни меѓусебни дуели на „Фолксваген арена“ секогаш имаше барем четири голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.90)

 

1709 Монпелје – Марсеј (20.45 часот)

Марсеј е во мини-криза, освои само еден бод во последните две кола, па добро им дојде репрезентативната пауза. Монпелје има освоено само 4 бода во седум кола, и тие се тим со најслаба одбрана во француската Лига 1, примаат во просек по три гола на меч. Марсеј е втор најефикасен тим во лигата, па бројките кажуваат дека тука би требало гостите да победат и тоа со барем два гола во мрежата на противникот.

Предлог тип: Т2 1+I& 1+II (2.22)

 

3009 Рома – Интер (20.45 часот)

Волчицата е специјализирана за нерешени резултати, има дури четири ремија во седумте кола во Серија А сезонава. Од друга страна, Интер е еден од најефикасните тимови во лигата, има дадено двојно повеќе голови од Рома, и се бори за титула. Интер има серија од четири меча на кои и даваше и примаше гол. Рома дома во Рим не го победила Интер уште од 2016 година. Нераѕурите на последните седум гостувања на „Олимпико“, секогаш дава барем два гола.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.85)

 

1309 Барселона – Севилја (21.00 часот)

Таман Севилја почна да се крева, извојува три победи во последните пет кола, и имаат серија од три меча без пораз, им доаѓа најтешкото можно гостување. Барселона со 28 гола на девет меча е напаст за противничките одбрани, а традицијата е онаа која вели дека домашните ќе победат. Севилја дури 22 години нема лигашка победа на гости против Барса. Неизвесно е дали кај Барса ќе игра Јамал кој е во извонредна форма заедно со другите двајца од напаѓачкото трио, Левандовски и Рафиња.

Предлог тип: 1 & 2+ пол. (2.40)

- Оглас -

Најнови вести