Дуел на непоразените на Арената, Вардар сака да стави крај на очајната серија

По двонеделна пауза, денеска се враќаат возбудувањата во Прва фудбалска лига на Македонија. На програмата е 10 коло, а сите шест средби се играат со почеток од 14 часот.

Вардар кој е во очајна низа од три порази гостува кај Беса во Гостивар. Двата тима се во долниот дел од табелата и трите бода се многу значајни во бегањето од опасната зона.

Дербито за врвот ќе се игра на арената „Тодор Проески“, каде Работнички е домаќин на Гостивар. Тоа е дуел на единствените две екипи кои немаат пораз сезонава. Романтичарите се лидери со 19 бодови, а Гостивар е трет со два бода помалку.

Шкендија ќе гостува на Тиквеш и тоа на неутрален терен во Штип затоа што кавадарчани ја одработуваат суспензијата по инцидентот на дуелот против Вардар. Актуелниот првак Струга ТЛ го пречекува Силекс, а во ова коло ќе играат уште и Брера – Воска и Пелистер – Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести