Седмото коло од седмата сезона бесплатната игра Спортска прогноза може да биде историско, бидејќи еден играч е во игра за 13-ка и бирање на еден од трите подароци кои се премии.
Далибор С. точно ги типуваше сите осум саботни мечеви од основната понуда и за денеска чека уште пет меча за да стане првиот со 13 погодоци.
Му требаат победи на Оксер против Ремс, на Ница против Нант, на Челзи против Ливерпул и на Интер против Рома, како и реми на средбата Каљари – Торино.
Инаку, според процентите на мнозинството од илјадниците играчи на Спортска прогноза, за денеска вака би изгледал нивниот идеален тикет:
1706 Оксер – Ремс 1 (квота 3.05)
1707 Нант – Ница Х (3.10)
1009 Ливерпул – Челзи 1 (1.62)
3008 Каљари – Торино 2 (3.30)
3009 Рома – Интер 2 (1.87)