Пет натпревари од петте најсилни лиги во Европа се дел од денешните Квоти на ден. Комбинациите кои се нудат, ако се одиграат заедно на еден тикет, ќе донесат вкупен коефициент од 46.48.
Наполи гостува кај Емполи и лидерот во Серија А не треба да загуби во натпревар на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок, за да биде добитен коефициентот од 2.35.
Во англиското дерби играат Ливерпул и Челзи, а тука треба да има голови на двете страни, но и да бидат постигнати два погодоци во второто полувреме, комбинација што носи квота од точно два.
Погодоци на двете страни треба да има и на дуелот од француското првенство меѓу Монпеље и Олимпик Марсеј. Освен што двата тима треба да се израдуваат на погодок, гол треба да има и во двете полувремиња. Квотата за оваа игра е точно два.
Италијанскиот првак Интер гостува на „Олимпико“ кај Рома и Нераѕурите не треба да загубат во пресметка на која ќе има од еден до три погодоци, што се вреднува со квота од 2.15.
Барселона е домаќин на Севилја и тука каталонскиот гигант треба да постигне барем еден погодок во првото полувреме, а на крајот домаќините да се израдуваат на три погодоци.