Атлетико Мадрид ја оствари петтата победа во Ла Лига оваа сезона откако со пресврт дојде до три бода против Леганес. Се намачија избраниците на Диего Симеоне за овој триумф, но на крајот успеаја да ја реализираат целта и славеа со 3-1.
Иван Неју изненадувачки донесе водство за гостите во 34-та минута. Сепак, Атлетико Мадрид одговори во вториот дел.
Александер Сорлот успеа да израмни во 69-та минута, а триумфот го донесе Антоан Гризман со голот во 81-та минута од мечот.
Во деветтата минута од судиското продолжение, Сорлот го постави конечниот резултат.