Левандовски застана веднаш зад Меси и Роналдо

Роберт Левандовски продолжува со фантастични игри во дресот на Барселона и постигна два гола во убедливата победа од 5:1 над Севилја. Во првите 10 кола, Левандовски постигна 12 погодоци, ефект кој последен пат во Примера му успеало на Лионел Меси.

Со головите кои ги даде против Севилја, полскиот голгетер стигна до еден убав рекорд. Тој стигна до 366 голови дадени во Топ 5 лигите во Европа. Со оваа бројка, Левандовски стигна до третото место на вечната листа на најдобри стрелци во Топ 5 лигите во Европа.

Пред Полјакот се само легендарниоте Лионел Меси со 496 дадени голови во Топ 5 лигите и Кристијано Роналдо кој има постигнато 495 погодоци во најсилните лиги во Европа. Левандовски сега е трет со 366 голови.

- Оглас -

Најнови вести