Инѕаги: Лаутаро е меѓу петте најдобри фудбалери на светот

По победата на Интер на гостувањето кај Рома од 1-0 со гол на Лаутаро Мартинес, тренерот на клубот од Милано, Симоне Инѕаги, рече дека Аргентинецот, кој е и капитен на Нераѕурите, за него е меѓу најдобрите фудбалери на светот.

Лаутаро Мартинес синоќа го постигна својот 133-ти гол во дресот на Интер, израмнувајќи го клупскиот рекорд на Иштван Ниерс, кој играше за клубот многу одамна, од 1948 до 1954 година.

„Олимпико е тешко место за играње, па затоа многу сум задоволен од настапот. Нашите резултати дома беа добри, но на гости губевме бодови против Монца и Џенова и знаевме дека е важно да се стави крај на тоа. Не беше лесно да се победи“, рече Инѕаги.

Потоа Инзаги го пофали Лаутаро.

„Тој само треба да продолжи да го прави тоа што го прави со Интер и Аргентина. Мислам дека е еден од петте најдобри играчи во светот. Тој заслужува да биде во топ пет за Златната топка“, додаде тренерот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести